Туристички производи

Print Add to travel planner

АКТИВНИ БАЊСКИ ЛЕКУВАЛИШТА

Развој и афирмација на бањските лекувалишта овозможи богатството на недопрени природни убавини на земјата. Најзначајни се термалните води со различни својства и температури (од 32 до 73 степени Целзиусови) и минералната вода (светски познатиот Донат Мг и Раденскa три срца), а кон нив и морската вода и солената вода, органските и анорганските пелоиди и морската, панонската и предалпската среднопланинска клима. Во петнаесет бањско-туристички центри под слоганот "Со природата до здравје" имаат развиена најсовремена понуда во областа "wellness" и нови програми за зачувување на здравјето и спречување на болестите.
Во бањските лекувалишта можете да поминете пријатен семеен одмор, да сторите нешто за себе, за своето тело и душа, да ја подобрите физичката и психичката кондиција. Во современо опремените бањско-рекреативни центри можете да пливате, трчате, да се шетате, да вежбате на различни справи и терени, да играте голф, тенис, да куглате, јавате, скијате, возите велосипед - и истовремено да научите здраво да живеете.

 


УСПЕШНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
Словенија, пред се Љубљана, Блед и Порторож, е веќе подолго од две децении присутна на меѓународниот конгресен пазар и наспроти острата конкуренција, се повеќе се афирмира како земја привлечна за организирање на стручни и научни, меѓувладини и меѓудржавни средби, како и за организирање на средби од стопанско-деловен карактер.
Традицијата на организирање конгреси во Словенија датира уште од 1821 година кога во Љубљана е организиран Конгресот на Светата алијанса. Денес во земјата се наоѓаат многубројни поголеми и помали модерни конгресни центри кои се секоја година домаќини на учесници од целиот свет. 

 


ИГРИ НА СРЕЌА
Игрите на среќа и забавниот живот на Словенија претставуваат значаен и привлечен дел од туристичката понуда. Произлегуваат од речиси четириесетгодишната традиција и се засноваат врз комплетно оформена туристичка понуда на игрите на среќа. Освен збирот на казино игри, вклучени се и квалитетни хотелски услуги, шарена кулинарска понуда, можности за релаксација, рекреација и растоварен шопинг, културни приредби, игранки и забава, модерни ревии и натпреварувања за избор на убавини, а исто така и конгресни приредби и деловни средби. Целокупната концепција на продуктот на игрите на среќа произлегува од концептот на игра, забава и чувство на релаксираност.

Во Словенија работат дванаесет казина и забавни центри за игри на среќа. Понудата на игри на среќа е во главно лоцирана во познатите туристички места и поголемите градови. Првото казино е отворено пред речиси 40 години во Порторож, a потоа следеше казиното на Блед. Меѓутоа, 1984 година, со влегувањето на нов понудувач во Нова Горица, започна нов тренд во развојот на словенечката понуда на игрите на среќа. Во следните десет години се отворени повеќе нови локации за игри на среќа, помеѓу другото Рогашка Слатина, Марибор, Липица, Љубљана, Крањска Гора и Оточец. Меѓутоа најголем и истовремено и најмлад е забавниот центар Перла на претпријатието ХИТ во Нова Горица кој во целост претставува остварување на новата деловна филозофија на игрите на среќа во Словенија. 

 



На располагање се најразлични капацитети за сместување. Повеќето капацитети за сместување се отворени секој ден во текот на годината. On – line резервации на www.slovenia.info/hotels 
 
 

ХОТЕЛИ
Хотелите се од различни категории - од една до пет ѕвездички. Тие категории им одговараат на категориите на хотелите во Западна Европа. Секоја година излегува хотелски ценовник; тој е на располагање во словенечките туристички претставништва, во одделни туристички агенции и во Словенечката туристичка организација.
Помладите посетители можат да преноќат во младинските хотели кои ги има на Блед, Птуј, во Пиран, Нова Горица, во Плисковица на Крас и во Љубљана.

ПРИВАТНИ СОБИ
Во сите поголеми туристички места, на располагање се приватни туристички соби. Преку туристичките агенции или директно тие может однапред да се резервираат. На располагање се соби со една, две или три ѕвездички.

КАМПОВИ
Камповите се идеално појдовно место за сите кои сакаат сами да го планираат својот одмор, кои сакаат спорт и рекреација и, што е најзначајно, кои сакаат да го поминат одморот во чиста и негибната природа. Од 2001 година членови се на EFCO&HPA (European Federation of Campingsite Organisations & Holiday Park Associations), опремени се според стандардите приспособени кон европските. Во поголемите кампови има и бунгалови за кои препорачуваме да се резервираат однапред.

ТУРИСТИЧКИ СЕЛСКИ ДОМАЌИНСТВА
Селските домаќинства во кои освен со земјоделство селаните се занимаваат и со туризам, далеку од турканиците и секојдневната врева, расфрлани се низ цела Словенија. Категоријата е означена со јаболка: селските домаќинства со едноставно опремени соби со заедничка бања и тоалет имаат едно јаболко, a домаќинствата со добро опремени соби со сопствена бања и тоалет и со разновидна понуда на храна имаат четири јаболка.

Развој и афирмација на бањските лекувалишта овозможи богатството на недопрени природни убавини на земјата. Најзначајни се термалните води со различни својства и температури (од 32 до 73 степени Целзиусови) и минералната вода (светски познатиот Донат Мг и Раденскa три срца), а кон нив и морската вода и солената вода, органските и анорганските пелоиди и морската, панонската и предалпската среднопланинска клима. Во петнаесет бањско-туристички центри под слоганот "Со природата до здравје" имаат развиена најсовремена понуда во областа "wellness" и нови програми за зачувување на здравјето и спречување на болестите. Во бањските лекувалишта можете да поминете пријатен семеен одмор, да сторите нешто за себе, за своето тело и душа, да ја подобрите физичката и психичката кондиција. Во современо опремените бањско-рекреативни центри можете да пливате, трчате, да се шетате, да вежбате на различни справи и терени, да играте голф, тенис, да куглате, јавате, скијате, возите велосипед - и истовремено да научите здраво да живеете.   Словенија, пред се Љубљана, Блед и Порторож, е веќе подолго од две децении присутна на меѓународниот конгресен пазар и наспроти острата конкуренција, се повеќе се афирмира како земја привлечна за организирање на стручни и научни, меѓувладини и меѓудржавни средби, како и за организирање на средби од стопанско-деловен карактер. Традицијата на организирање конгреси во Словенија датира уште од 1821 година кога во Љубљана е организиран Конгресот на Светата алијанса. Денес во земјата се наоѓаат многубројни поголеми и помали модерни конгресни центри кои се секоја година домаќини на учесници од целиот свет.   Игрите на среќа и забавниот живот на Словенија претставуваат значаен и привлечен дел од туристичката понуда. Произлегуваат од речиси четириесетгодишната традиција и се засноваат врз комплетно оформена туристичка понуда на игрите на среќа. Освен збирот на казино игри, вклучени се и квалитетни хотелски услуги, шарена кулинарска понуда, можности за релаксација, рекреација и растоварен шопинг, културни приредби, игранки и забава, модерни ревии и натпреварувања за избор на убавини, а исто така и конгресни приредби и деловни средби. Целокупната концепција на продуктот на игрите на среќа произлегува од концептот на игра, забава и чувство на релаксираност. Во Словенија работат дванаесет казина и забавни центри за игри на среќа. Понудата на игри на среќа е во главно лоцирана во познатите туристички места и поголемите градови. Првото казино е отворено пред речиси 40 години во Порторож, a потоа следеше казиното на Блед. Меѓутоа, 1984 година, со влегувањето на нов понудувач во Нова Горица, започна нов тренд во развојот на словенечката понуда на игрите на среќа. Во следните десет години се отворени повеќе нови локации за игри на среќа, помеѓу другото Рогашка Слатина, Марибор, Липица, Љубљана, Крањска Гора и Оточец. Меѓутоа најголем и истовремено и најмлад е забавниот центар Перла на претпријатието ХИТ во Нова Горица кој во целост претставува остварување на новата деловна филозофија на игрите на среќа во Словенија.  На располагање се најразлични капацитети за сместување. Повеќето капацитети за сместување се отворени секој ден во текот на годината. On – line резервации на    Хотелите се од различни категории - од една до пет ѕвездички. Тие категории им одговараат на категориите на хотелите во Западна Европа. Секоја година излегува хотелски ценовник; тој е на располагање во словенечките туристички претставништва, во одделни туристички агенции и во Словенечката туристичка организација. Помладите посетители можат да преноќат во младинските хотели кои ги има на Блед, Птуј, во Пиран, Нова Горица, во Плисковица на Крас и во Љубљана. Во сите поголеми туристички места, на располагање се приватни туристички соби. Преку туристичките агенции или директно тие может однапред да се резервираат. На располагање се соби со една, две или три ѕвездички. Камповите се идеално појдовно место за сите кои сакаат сами да го планираат својот одмор, кои сакаат спорт и рекреација и, што е најзначајно, кои сакаат да го поминат одморот во чиста и негибната природа. Од 2001 година членови се на EFCO&HPA (European Federation of Campingsite Organisations & Holiday Park Associations), опремени се според стандардите приспособени кон европските. Во поголемите кампови има и бунгалови за кои препорачуваме да се резервираат однапред. Селските домаќинства во кои освен со земјоделство селаните се занимаваат и со туризам, далеку од турканиците и секојдневната врева, расфрлани се низ цела Словенија. Категоријата е означена со јаболка: селските домаќинства со едноставно опремени соби со заедничка бања и тоалет имаат едно јаболко, a домаќинствата со добро опремени соби со сопствена бања и тоалет и со разновидна понуда на храна имаат четири јаболка.
X

Cookies

The website uses cookies to improve user experience. By visiting and using the website, you agree with cookies.
I agree
Read more