Словенија

Print Add to travel planner
   

Условите за влез остануваат и по укинувањето на визите

СЛОВЕНИЈА
Државно уредување: парламентарна република
Површина: 20.273 км2
Главен град: Љубљана
Број на жители: 2 019 406 (30 јуни 2007 година)
Службен јазик: словенечки
Клима: крајбрежно субмедитеранска, во внатрешноста континентална, во повисоките предели планинска
Просечни температури: јули 21 °C, јануари -2 °C
Време: GMT +1
Парична единица : евро

Словенечка туристичка организација
Дунајска 156, 1000 Љубљана, Словенија
Tel.: +386 1 589 18 40
Fax: +386 1 589 18 41
E-mail:
www.slovenia.info

Празници
1 и 2 јануари Нова година
8 февруари Прешернов ден, словенечки празник на културата
Велигден
Велигденски понеделник
27 април Ден на востанието против окупаторот
1 и 2 мај Празник на трудот
25 јуни Ден на државноста
15 август Голема Богородица
31 октомври Ден на реформацијата
1 ноември Ден на сеќавање на мртвите
25 декември Божиќ
26 декември Ден на самостојноста

Банки
Посетителите на Словенија можат во банките да заменат пари и патнички чекови, да отворат банкови сметки, да уплатат готовина и да завршат различни видови безготовински работи. Во текот на неделата банките, по правило, се отворени од 9 до 12 и од 14 до 17 часот.Пари можат да се заменат и во менувачниците, на рецепциите на хотелите, во туристичките агенции, на бензинските пумпи и во поголемите трговски куќи.
Дневниот менувачки курс може да се следи на web адресата:
www.bsi.si/en

Продавници
Продавниците се отворени непрекинато, во текот на неделата, по правило, помеѓу 8 и 19 часот, во сабота помеѓу 8 и 13 часот (некои и до 21 часот), a некои и во недела и на празници. Плаќањето се врши во евра, a повеќето продавници примаат и кредитни картички на American Express, Diners, Mastercard-Eurocard, Visa.

Пошти
Во работите денови поштите се отворени од 8 до 18 часот, а во сабота од 8 до 12 часот. Во поголемите градови главната пошта е отворена и навечер, како и во сабота попладне. За уличните телефонски апарати потребно е печат да се купат телефонски картички во пошта или во трафиките. 
E-mail:   

Меѓународен излезен број на телефонот е 00, а меѓународен влезен број на телефонот е 386.
www.telekom.si/en

Целата земја е речиси во целост покриена со сигналот на мобилна телефонија, a оператерите имаат потпишано договори со поголемите европски и светски оператери.

Електричен напон
220 V, 50 Hz.

Вода
Во целата земја водата е исправна за пиење.

Време
Поради промената на климата – средоземна покрај брегот, алпска во Алпите и на Караванки, како и панонска на североистoк на земјата – се препорачува гардероба во согласност со годишното време. Просечните температури во месец јули се повисоки од 20°C, a просечните јануарски -2°C; меѓутоа, во текот на летото на море може да биде мошне топло, а зиме на планините прилично студено. Ви препорачуваме пред доаѓањето во Словенија да се интересирате какво време Ве очекува. 
http://www.arso.gov.si/en/

Позначајни телефонски броеви
Полиција 113
Пожарникари 112
Брза помош 112
АМЗС (Авто-мото сојуз на Словенија) 1987

ПРЕВОЗ / ТРАНСПОРТ
Со автомобил

   Земјата најдобро ќе ја запознаете ако ја обиколувате со автомобил. Во неа ќе влезете преку еден од граничните премини на границата со Италија, Австрија, Унгарија или Хрватска, или пак автомобилот ќе го изнајмите во некоја од агенциите rent-a-car. Патиштата и ознаките на патиштата се добри, а покрај патиштата се наоѓаат одморалишта, угостителски објекти и хотели со ноќевање.

Ограничувања на брзината во km/h
патнички автомобили
автобуси
Населби 5050
Регионални патишта
9080
Брзи патишта10080
Автопат 13080/100

На територијата на Словенија задолжителна е:
* употребата на оборени светла и преку ден
* употребата на сигурносни појаси на сите седишта каде што се појасите вградени
* употребата на хомологиран мотоциклистички шлем за возачите и сопатниците на мотоцикли
* употребата на светла за магла е дозволена само ако е видливоста намалена за повеќе од 50 проценти

Бензински пумпи
Бензинските пумпи на брзите патишта и автопатишта се непрекинато отворени. На сите пумпи може да се купи безоловен бензин.
www.petrol.eu
www.omv.si

Степен на алкохол во крвта
Возачите на A и B категорија во текот на возењето во телото можат да имаат дo 0,5 грама алкохол на литар крв.

АМЗС
Авто-мото сојузот на Словенија обезбедува 24-часовна помош. Во 17 поголеми градови има центри за технички преглед; возачот на автомобил кој ќе се најде во невоља треба да го повика телефонскиот број 1987. На секои два километра на автопатот стојат на располагање соодветни телефони.
www.amzs.si/?jezik=1033 

Со автобус

 
  Во Словенија може од соседните земји да се дојде и со автобус. Локалниот автобуски сообраќај е добро организиран и релативно ефтин. Возниот ред и сите информации се наоѓаат на web адресата:
www.ap-ljubljana.si/eng

Со воз

 
  Со модерни и удобни возови може да се допре речиси до сите места во Словенија позначајни за туристите. Добра е и врската со странство: во Словенија можете да допатувате со директен воз од Италија, Австрија, Унгарија и Хрватска. Транспортот со воз е удобен и ефтин.
www.slo-zeleznice.si/en/

По воздух 

 
  Словенечкиот авиопревозник Adria Airways со редовни линии ги поврзува главните европски градови. Љубљана на тој начин е поврзана со Франкфурт, Минхен, Виена, Цирих, Брисел, Париз, Барцелона, Лондон, Даблин, Манчестер, Амстердам, Копенхаген, Москва, Сплит, Сараево, Скопје, Охрид, Тирана, Тел Авив, Подгорица, Приштина и Цариград.
www.adria.si/en/index.cp2

По море 

 
  Пиранскиот залив е пријатна почетна точка за крстарење по Јадран. На словенечкиот брег на Јадранско Море на наутичките туристи им стојат на располагање современо уредени пристаништа во Порторож, Копар и Изола, каде што во рамките на Бродоградилиштето се наоѓа и посебен Јахтинг-центар наменет за давање на технички услуги. Сите пристаништа обезбедуваат снабдување со гориво, а бензински пумпи има и на јавните докови во Пиран и Изола. На словенечкиот брег во текот на целата година работат морските гранични премини во Копар и Пиран, а од мај до октомври работи и граничниот премин во Изола.

Формалности на граница  
Условите за влез остануваат и по укинувањето на визите

На 19 декември се укинуваат визите за влез во Шенген зоната, а со тоа и за влез во Словенија, за државјаните на Македонија, Црна Гора и Србија. Укинувањето на обвската за поседување виза важи за оние државјани на споменатите држави кои имаат важечки биометриски пасоши и кои ги исполнуваат општите услови за влез во Шенген зоната.

Од 19 декември за државјаните на Црна Гора, Македонија и Србија одморот во Словенија ќе биде поблиску, бидејќи на тој ден стапува во сила безвизниот режим за влез во Шенген зоната.
Обврската да поседуваат виза ќе биде укината за оние државјани на споменатите држави кои имаат важечки биометриски пасоши и кои при влезот на граничните премини на надворешните граници ќе ги исполнуваат општите услови за влез:
• мораат веродостојно да ја докажат намената и условите на планираниот престој и целта на патувањето (влезот без виза е дозволен за туристички патувања, приватни и деловни посети, но не за работа и за други намени),
• мораат да имаат доволно средства за престојот во поглед на времето предвидено за престој, транзит и враќање во својата матична држава (паричните износи се разликуваат меѓу поединечните држави-членки, за Словенија висината на средствата изнесува 70 евра на ден),
• во Шенгенскиот информативен систем за нив не смее да има впишана мерка-  забрана за влез,
• мораат да докажат дека во последните шест месеци пред планираниот влез во Шенген зоната немаат поминато повеќе од три месеци во Шенген зоната,
• не смеат да претставуваат опасност за јавниот ред и мир, внатрешната безбедност, јавното здравје или за меѓународните односи на која било држава-членка.

Доколку државјанин од наведените земји не ги исполнува набројаните услови, влезот во Словенија ќе му биде забранет сè до исполнувањето на сите пропишани услови за влез. Државјаните на Црна Гора, Србија и Македонија кои ги исполнуваат сите набројани услови за влез можат да престојуваат или да се задржат на територијата на Република Словенија најмногу три месеци во период од шест месеци од денот на првиот влез. Во случај на планиран подолг престој (поради работа, вработување, студирање) мораат претходно да добијат дозвола за престој.

На тој начин, со воведувањето на безвизниот режим, не се менуваат условите за влез определени со европското законодавство. Условите остануваат непроменети и важат и за државјаните за трети држави за кои не е потребна виза за влез во Шенген зоната. Оттука, словенечката полиција ќе врши граничната контрола како и до сега, во согласност со европскиот правен поредок.

http://www.mzz.gov.si/en/travel_and_visa_information/visa_information/

Внесување на предмети
Протокот на стоки помеѓу земјите членки на ЕУ e слободен и правилата се исти за сите држави членки на ЕУ. Ограничувања постојат само при пренесувањето на тутунски производи и алкохолни пијалаци, каде што количеството на кое не се плаќаат увозни давачки е ограничено.
http://carina.gov.si/angl/index.htm  

Здравствено згрижување на странци
Во Словенија во секое поголемо место се наоѓа здравствен дом кој е во работните денови отворен од 7 до 19 часот.
www.zzzs.si/zzzs/internet/zzzseng.nsf

Враќање на таксата
Во согласност со принципот на единствениот европски пазар, Словенија ја укина можноста за враќање на данокот при преминувањето на државната граница, бидејќи помеѓу членките на ЕУ такви олесненија не постојат. Меѓутоа, за посетителите од земји кои не се членки на ЕУ продавачот е должен за купената стока да исполни посебен образец. На граничниот премин при излезот од земјата членка на ЕУ него го заверуваат царинските органи. Данокот го враќаат установите наведени на образецот за бесцаринско купување.

Животни
Во рамките на земјите членки на ЕУ, за премин преку граница на кучиња, мачки и бели творови (некомерцијални пренесувања на домашни животни каде што животните со сопственикот се враќаат во матичната земја) потребен е ЕУ пасош за домашни животни со заверена вакцина против беснило, а животните мораат да бидат прописно обележени. За некои членки на ЕУ (Велика Британија, Република Ирска или Шведска) се применуваат посебни правила; деталите за тоа се достапни во Ветеринарската управа на Република Словенија или во локалните ветеринарски заводи. За другите домашни животни (глодари, влекачи, водоземци, аквариумски рипки, украсни птици итн.) правилата се разликуваат од држава до држава, затоа е добро да се побараат информации во секоја земја посебно или пак на електронската адреса:
www.vurs.gov.si

За некомерцијален увоз на животни од трети земји (земји коишто не се членки на ЕУ) oдносно за кучиња, мачки и бели творови, овозможено е патување со ветеринарско уверение објавено во Одлуката на комисијата 2004/203/ES, а за други животни важат истите услови како и за некомерцијалното преминување помеѓу земјите членки.

Бидејќи правилата се однесуваат на поединечни групи на земји, најкраток пат да се дојде до информација е преку електронската адреса:
http://europa.eu.int/comm/food/animal/liveanimals/pets/list_third_en.htm  
http://eur-lex.europa.eu/LexUriServ/site/en/oj/2004/l_358/l_35820041203en00120017.pdf 


X

Cookies

The website uses cookies to improve user experience. By visiting and using the website, you agree with cookies.
I agree
Read more